опскурант | м.

Тој што се противи на напредокот во науката и просветата, лице со застарени сфаќања за светот; мракобесник.

опскурантизам | м.

Негативен однос кон просветата и науката; мракобесие.

опскурен | прид.

Мрачен, темен; скриен, непознат, непристапен.

опслужи | св.

Задоволи потреби, барања, желби на купувач, на гостин, клиент и сл. Кога влегоа во продавницата, продавачот веднаш ги опслужи. Му беше потребно повеќе време за да ги опслужи сите гости.

опслужувач | м.

Тој што опслужува. Ти си им служел, си им бил опслужувач.

опснежен | прид.

Што е прекриен со снег. Едно утро осамна сè опснежено.

опснежи | св.

Прекрие со снег.

опстане | св.

Се одржи во живот. Без корен ништо не може да опстане. Го бараше патот и начинот како да опстане.

опстановка | ж.

Услови, околности во кои нешто суштествува. Кај него постои стремеж да ја опише поблиску опстановката во која стануваат случките. Во ваква опстановка не може да се работи.

опстанок | м.

Одржување во живот, постоење, живот. Воденичарството е една од најстарите производствени гранки сврзани со исхраната и опстанокот на човекот. Тој знаеше дека од него зависи опстанокот на овој театар.