опшивка | ж.

Тоа со што е опшиено нешто. Ги скрои опшивките за мишките.

опшие | св.

Направи шев околу нешто. Перничките ги опши со свилен гајтан.

опширен | прид.

Изложен нашироко, со многу подробности. Испратија опширни извештаи за настанот. Ние водевме опширни разговори за тоа.

општ | прид.

Што им е својствен на сите, што се однесува на сите. Објавија општа мобилизација. Општата среќа е наша цел. Општа корист. Општо мнение. Општа оценка.

општествен | прид.

Што е сврзан со општеството, што се однесува на него. Општествено уредување. Општествени односи. Општествени класи. Општествена положба.

општественик | м.

Активен учесник во општествениот живот. Тој е виден македонски интелектуалец и општественик.

општественост | ж.

Општеството во целина или негов дел кој го искажува јавно своето мнение; јавност, јавно мнение. Научна општественост.

општество | ср.

Заедница на луѓе обединети со форми на заеднички живот, со јавна и државна власт и производствена дејност, материјална и духовна култура; општествен систем. Робовладетелско општество.

општење | ср.

Одржување заемни односи и врски. Со разговорниот јазик се служат говорителите во секојдневното непринудено (неофицијално) општење.

општи | несв.

Одржува врски, има контакти, дружи со некого или со нешто. На тој начин тие општат со природата.