организиран | прид.
Што се однесува на организација. Организиран превоз на ученици.
органист | м.
Човек што свири на орган (оргула).
органски | прид.
Што се однесува на организмот во целина или на некој негов орган, што е вроден. Резултатите не покажуваа никакво органско заболување.
оргија | ж.
Разуздено, распуштено веселење, гоштевање и пијанчење.
оргулар | м.
Човек што изработува, прави оргули.
оргули | и.
Вид музички инструмент.
орда | ж.
(истор.) Административновоена организација или племенски сојуз кај турско-монголските номадски племиња.
орден | м.
Одликување за воени или граѓански заслуги.
ординарен | прид.
Обичен, секојдневен, редовен, просечен. Вие сте еден ординарен страшливец.
ординарец | м.
Војник задолжен да му помага за лични и службени потреби на офицер со повисок чин.