ордината | ж.

Вертикалната оска во координатниот систем.

ординација | ж.

Просторија за преглед на болни. Во ординацијата влезе една средовечна жена.

ординира | несв.

Прима болни во ординација за преглед и лекување.

ордија | ж.

(истор.) Војска, обично турска; табор. Тој побрза да се стави на чело на својата огромна ордија која се стремеше да ја нападне престолнината.

ордонанс | м.

Војник или офицер со понизок чин доделен за помош на командант или на штаб.

орев | м.

Големо дрво со плод во цврста лушпа; Juglans regia. Еднаш му рече на брата си да го берат оревот и да си ги делат оревите.

оревов | прид.

Што се однесува на орев, што е од орев. Ја затвори тешката оревова врата.

оревовка | ж.

Вид колач направен со ореви.

оревче | ср.

Дем од орев.

орел | м.

Голема граблива птица што живее во планинските, карпести предели; Aquilia.