орен 1 | прид.

За земја што може да се ора, да се обработува. Орна земја.

орен 2 | прид.

Што е свеж, желен за работа. Значи дека си сѐ уште млад и орен.

ореол | м.

Сјаен или златест круг околу главата на светец на икона или на фреска. Набргу нивните просветителски и светителски ореоли станаа симболи за дејноста на солунските браќа.

оретчен | прид.

Разреден, редок. Земаше оретчена медовина за замрениот крвоток. Оретчената коса му е прибрана под ноќното капче.

оретченост | ж.

Состојба и својство на тоа што е оретчено.

оретчи | св.

Разреди нешто, направи нешто да биде ретко. Неговите посети оретчија во последно време.

орешинка | ж.

Горната зелена лушпа на млад орев.

орешка | ж.

Дрво на орев. Влезе во плевната, на дваесетина чекори од старата орешка.

ори се | несв.

Одекнува, гласно се слуша. Гајдите свират, песни се орат до небо.

оривче | ср.

Дем. и хип. од ориз.