оригинал | м.

Дело (уметничко, научно и др.) изработено или создадено со сопствен труд, изворен примерок; копија, репродукција, препис, превод и сл. Сликава е оригинал, а не репродукција.

оригинален | прид.

Првосоздаден, изворен, вистински. Тој преведува и пишува оригинални текстови.

оригиналничи | несв.

Прави нешто необично, интересно, невообичаено, за да се покаже како оригинален.

ориент | м.

Земјите и народите на исток од Европа – Азија и Северна Африка; Исток.

ориентален | прид.

Што се однесува, што е својствен, што му припаѓа на ориентот. Ја земаше виолината и свиреше ориентална музика.

ориенталец | м.

Жител, припадник на ориентот.

ориентализам | м.

Особини, својства карактеристични за ориентот и за ориенталните јазици.

ориенталист | м.

Специјалист за јазиците, културите и историјата на источните (ориенталните) народи.

ориенталистика | ж.

Наука што ја проучува духовната и материјална култура на источните (ориентални) народи.

ориенталски | прид.

Во македонскиот мелос има извесни траги на ориенталски мотиви.