ороди се | св.
Стане род со некого. Децата се сакаат, ќе се ородиме како што гледам.
ороз | м.
оролиште | ср.
Место каде што се игра оро обично на сред село. На оролиштето веќе се виеше танец.
оросен | прид.
Што е со капки роса, пот и сл. Оросено чело.
ороси | св.
Покрие со роса. Ова утро росата ја оросила тревата.
ороспија | ж.
орочен | прид.
Парични средства што може да се подигнат по одреден рок. Орочени средства.
орочи | св.
Паричен влог што спогодбено е даден на определен рок на чување во банка. Ги орочи средствата на три години.
ортак | м.
Другар во некакава работа, деловен соработник. Тие некогаш биле ортаци, воделе дуќан заедно.
ортаклак | м.
Заедничко работење на две или повеќе лица, ортаци, работна, деловна заедница. Фатија ортаклак во трговија со жито.