ортаков | прид.

Што му припаѓа на ортакот. Ортаков дел.

ортакува | несв.

Работи ортачки, со деловен партнер. Ортакуваа две години.

ортачи | несв.

ортачки | прид.

Што се однесува, што му припаѓа на ортак. Ортачка работа. Ортачки дуќан.

ортографија | ж.

Систем од правила за пишување во еден јазик; правопис.

ортодокс | м.

Припадник на ортодоксно верување.

ортодоксен | прид.

Што догматски се држи до пропишаните правила на одредена идеологија, религија; правоверен.

ортодоксија | ж.

Догматско придржување кон некое учење; правоверност, православје.

ортоепија | ж.

Систем од правила за изговарање на гласовите во еден јазик; правоговор.

ортома | ж.

Дебело јаже.