основан | прид.
Глаголска придавка од основе.
основач | м.
Тој што основал нешто, што формирал нешто; основоположник. Тој е основач на клубот. Основач на весник.
основачки | прид.
Што се однесува на основач и на основање. Основачко собрание.
основе | св.
Постави темели на нешто, формира, создаде. Тој го основал овој град. Основале клуб на љубители на филмот.
основен | прид.
Што ја прави основата; главен, битен, суштествен. Основна задача. Основни состојки. Основно значење.
основец | м.
Ученик во основно училиште.
основица | ж.
База, основа. Основица за пресметување на данок.
основоположник | м.
Тој што ги поставил основите, принципите на нешто; основач. Основоположник на македонската фолклористика. Тој е основоположник на нова развојна фаза на современата литература.
основува | несв.
основувач | м.