особен | прид.

Што се изделува од другите, што се истакнува меѓу другите; посебен, забележителен. Тоа е од особена важност. Покажува особен интерес. Со особено задоволство се потсетуваме на тие настани.

особина | ж.

Карактеристично својство на некого или на нешто, својство, одлика, обележје. Карактерна особина. Индивидуални особини. Наследени особини.

осовремени | св.

Направи да биде современо, во духот на времето, модернизира. Ја осовременија наставата со воведување повеќе нагледни средства.

осовременувач | м.

Тој што модернизира, што осовременува.

Осоговија | ж.

Област во Македонија.

Осоговски Планини | и.

Планински масив во Македонија.

осоен | прид.

Што се наоѓа на осој, во сенка. Осојна страна.

осознае | св.

Спознае, стане свесен за нешто. Тој конечно ја осозна вистината за последните случувања.

осознаен | прид.

Глаголска придавка од осознае.