осоколи | св.
Влее некому храброст; охрабри. Командантот ги осоколи регрутите.
осоли | св.
Тури сол на нешто, посоли со сол, направи нешто да биде солено.
осомничен | прид.
Што е под сомнение за извршено кривично дело. Тој е осомничен за убиството на жената.
осомничи | св.
Изрази сомневање, се посомнева во некого за нешто. Полицијата го осомничи момчето дека ги извршило кражбите.
осој | м.
Место што не е изложено на сонце, обично на северна страна, падина или подножје на возвишение;
осојка | ж.
осојница | ж.
а) осој. б) (прен.) Многу студено место.
осојничав | прид.
осоен. Осојничаво место.
оспори | св.
Прогласи за спорно, не се согласи со нешто, побие веродостојност на нешто. На младиот музичар му го оспоруваа талентот. Членовите на лигата не се согласуваат и ја оспоруваат одлуката на одборот.
оспорлив | прид.
Што може да се оспори. Пресудата е оспорлива.