остари | св.
Стане стар. Тој остаре и не може повеќе да работи. Мачката остаре, ама не можам да ја избркам.
остаток | м.
Тоа што останува од некоја количина, преостанат дел од нешто. Остатоците од ручекот ги стави во фрижидерот. Остатоци од стара керамика. Остатокот од ноќта го преседе буден.
оствари | св.
Исполни замисла, план, реализира. Тој ја оствари својата цел. Остваривме добивка од годинешната реколта.
остварлив | прид.
Што може да се оствари. Планот е остварлив.
остен | м.
Стап со остар железен шилец на крајот за спотерување на запрежен рогат добиток. Викајќи, ги задупи биволите со остенот.
остине | св.
острач | м.
Лице, занаетчија што остри алатки и студено оружје наменети за сечење, режење, бодење и сл.; точач.
острвен | прид.
острви | св.
острелоуши се | св.
За животно – начули уши, внимателно се вслуша. Кучето се острелуши.