острец | м.

Остар врв на алатка или на студено оружје.

остри | несв.

Шили врв на нешто, прави да биде остар. Ги остри моливите пред да почне да пишува.

острига | ж.

Вид морска школка чие месо се служи како скап морски специјалитет; Ostrea edulis. Нарача порција остриги.

остриже | св.

Отстрани коса некому сосема. Војниците ги остригоа до гола кожа.

острика | ж.

Тревно растение што има остро стебло и листови; остра трева; Carex aremaria.

острилец | м.

Сечило на алатка или оружје.

острилка | ж.

Тоа што е остро, што има остар врв, остро сечило.

острило | ср.

Сечило на алатка за жнеење, косење, сечење и сл. На еден лист хартија го проба острилото на бричот.

острина | ж.

Особина на тоа што е остро, што сече, реже и сл. Ја испроба острината на ножот. Се изненади од острината на своите заби.

остринка | ж.

острица.