оставител | м.
Тој што остава некакви работи, пари или друго во депозит.
оставка | ж.
Напуштање на служба или функција по сопствена волја, обично во писмена форма. Даде оставка на местото директор. Министер во оставка. Поднесе оставка.
оставнина | ж.
Книжевна оставнина.
остане | св.
а) Продолжи да се наоѓа, да се задржува негде, не промени место, положба. Јас останав в село, а другите заминаа в планина. Таа остана дома да зготви ручек. Остана в постела. Портата остана подотворена. Книгата остана на масата. б) Не промени состојба, статус. Таа остана немажена. в) Стане некаков како последица на нешто. Тој млад остана вдовец. Во таа несреќа тој остана сакат (слеп и сл.).
останка | ж.
Тоа што останува од нешто, што се зачувало од нешто. Останките на паднатиот авион. Ги собра останките од храната.
останок | м.
Останување таму каде што некој веќе се наоѓа – во изразот Добар пат, добар останок.
останувачка | ж.
останување.
остар | прид.
Што е со тенок врв, раб, крај што може да боде, да сече. Остар камен. Остри заби.
остарее | св.
остарен | прид.
За лица – што станал стар. Предвреме остарена жена. Остарено лице.