остричок | прид.

остро | прил.

остроаглест | прид.

Што има остар агол, што е со остар агол.

остроаголен | прид.

Што се однесува на остар агол, што има остар агол. Остроаголен триаголник.

остров | м.

Дел од копно од сите страни опкружено со вода. Пуст остров. Вулкански остров. Корален остров.

островрв | прид.

Што има остар врв. Островрво копје. Островрва игла.

островрвлест | прид.

Островрвлести чевли. Островрвлест нос.

островски | прид.

Што се однесува на остров. Островска земја. Островско население.

островјанин | зам.

Жител на остров. Островјаните живееја од риболов и од тури

острог | м.

Висок и остар каменест врв.