облигатен | прид.

Што е задолжителен, што мора да се изврши. Облигатен договор.

облигаторен | прид.

Што задолжува, што е обврзен, принуден; спрот: факултативен. Облигаторни аргументи.

облигационен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на облигација; облигациски. Облигациони односи.

облигација | ж.

Обврска, долг, гаранција. Едногодишна облигација.

облие | св.

оближе | св.

а) Излиже, изеде нешто со лижење. Детето ја оближа лажицата со мед. Мачката го оближа млекото од чинијата. б) Допре нешто со лижење. Тој ги оближа усните испукани од студот. Кравата го оближа телето.

облизни | св.

За жена, за женка на животно – роди близнаци. Облизнила машко и девојче. Козата облизни две јариња.

облик | м.

Надворешен изглед, вид, форма на нешто. Зрнест облик. Цилиндричен облик. Неправилен облик.

обликува | несв.

Дава облик, форма на нешто; оформува. Учениците обликуваа различни фигури од глина. Авторот го обликува своето уметничко дело потпирајќи се на народната традиција.

обликуван | прид.

Што е среден, уреден по облик, по надворешен изглед. Обликувано дело. Обликуван парк.