објективизација | ж.
Објективизација на исказот.
објективизира | св. и несв.
Подложи, подложува на објектив(из)ација, направи, прави нешто да биде реално, објективно. Тој ги објективизира личностите во своите романи.
објективист | м.
Приврзаник на објективизмот.
објективистички | прид.
Што се однесува на објективизам и на објективист. Објективистички третман.
објективитет | м.
Реалност, стварност; објективност. Главниот лик во романот ја губи врската со објективитетот.
објекција | ж.
Забелешка, приговор, напомена. Неговите констатации претставуваат објекција кон претходно изложениот текст.
облага | ж.
Корист, полза, добивка. Материјални облаги.
облага (се) | несв.
облагне | св.
Стане блажникав. Грозјето облагнало малку.
облагороди | св.
Направи некој да стане поблагороден, подобар во морален поглед. Мајчинството ја облагороди нејзината душа. Таа ја облагороди неговата личност.