отапеност | ж.
Состојба на тој што изгубил осетливост, свежина на духот. Отапеност на сетилата.
отапи | св.
Стане тап; неостар. Што е ова, отапеле сите ножеви во куќата.
отвор | м.
Дупка на нешто, празен простор на преграда оставен за поминување, за вградување на нешто и сл. Отворот што го направивме во ѕидот беше доволен да поминеме од другата страна. Отворот на бунарот беше оставен непокриен. На ѕидот имаше оставено отвори како пушкарници.
отвора | несв.
отворач | м.
Направа за отворање на нешто (шишиња, конзерви и сл.). Отворач на конзерви.
отворен | прид.
Глаголска придавка од отвори.
отворено- | претс.
Како прв дел од сложенка со кој се означува светла нијанса на некоја боја: отвореножолт, отворенозелен, отвореносин, отвореноцрвен итн.
отвори | св.
а) Отстрани преграда, препрека од нешто што е затворено, направи нешто што било затворено повеќе да не е; затвори. Го отвори прозорецот. Му ја отвори вратата. б) За дел од тело на човек или животно (уста, очи); затвори. Отвори ја устата и кажи а.
отворче | ср.
отврдне | св.
Стане тврд, потврд од порано; стврдне. Кожата на чевлите отврднала.