откоси | св.
Со косење одземе, отстрани определено количество.
откосо | прил.
На кос начин, попреку. Го погледна откосо. Дождот паѓа откосо.
откости | св.
Разглоби од коски, од зглобови, претепа некого. Го откости од ќотек.
откочи | св.
Ослободи, отпушти да работи, подготви да работи нешто што било закочено некаков механизам, кочница, пушка и сл.; Ја откочи бомбата и ја фрли кон непријателските редови. Го откочи пиштолот и го впери во противникот. Ја откочи колата и тргна.
откошне | св.
Отфрли со нога, кошкајќи. Ја откошна топката.
открај | прил.
Просторно – од крајот. Открај докрај, сѐ прочитав.
открива (се) | несв.
откривач | м.
Тој што открил, што пронашол нешто, творец; пронаоѓач. Тој е откривачот на овој локалитет.
открие | св.
Истави покривач, одвие нешто покриено. Мајката го откриви лицето на бебето. Ветерот го откри лицето на девојката. Силниот ветер ја откри куќата.
откритие | ср.
Тоа што е откриено; важен пронајдок. Епохално откритие. Научно откритие. Неочекувано откритие.