отплива | св.
Со пливање се оддалечи. Тој отплива до кајчето.
отплисне | св.
Плисне дел од содржината на сад со течност. Отплисна вода од кофата. Кога ја крена чашата да наздрави, отплисна вино на белиот чаршаф.
отплови | св.
Замине, тргне на пат со превозно средство што плови. Коработ отплови. Патниците отпловија со бродот.
отповеќе | прил.
Повеќе од доста, претерано многу. Сѐ што ќе кажам е отповеќе. Времето беше малку отповеќе лошо.
отповие | св.
Развие, одвие, извади пелени, повој, обично за бебе; Мајката го отпови бебето.
отповик | м.
Отповикување, повлекување, смена на некого од функција, од задача и сл.
отповика | св.
Повика назад, разреши, смени некого од функција.
отповиклив | прид.
Што може да се отповика.
отпоздрав | м.
Одговор на поздрав со поздрав.
отпоздрави | св.
На поздрав одговори со поздрав. Тој му отпоздрави на својот колега со кревање рака.