отпадочен | прид.

Што се состои од отпадоци. Отпадочни материјали.

отпара | св.

Оддели нешто што е пришиено, сошиено; отшие. Го отпара подвивот од палтото. Го отпара патентот од старото здолниште.

отпат | прил.

Настрана од патот, од правецот на движење. Не одам често на тој пазар, отпат ми е.

отпатен | прид.

Што се наоѓа надвор од правецот на движење. Отпатно место.

отпатува | св.

Замине на пат. Тој отпатува со авион во Британија.

отпаше | св.

Симне, одврзе појас, колан, ремен, скутник, тоа што е опашано на појасот; Го отпаша ременот од панталоните.

отпева | несв.

повт. отпее 1, 2. Тој отпева одвреме навреме по некоја песна.

отпее | св.

Испее песна или дел од поголемо музичко дело. Тој отпеа многу убаво. Таа отпеа една стара народна песна. Младинскиот хор отпеа неколку преработени партизански песни.

отпере | св.

Испере нешто што е во мало количество или малку нечисто. Таа ги отпра чорапите пред да ги стави во машината за перење. Отправ малку, утре ќе доперам.

отпетла | св.

Извади петлица од илика; оддели еден од друг дел на копец;