отпознае | св.
Заборави, не познае веќе некого. Тој го отпозна својот брат, затоа што не го беше видел 20 години.
отполу | прил.
Од половината, не целосно се покажува, се гледа и сл. Се свитка отполу нагоре.
отпор | м.
Спротивставување на некого или на нешто. Вооружен отпор. Отпорот на населението се зголеми. Решителен отпор.
отпорано | прил.
Од пред извесно време. Него го познавав отпорано. Отпорано купив сѐ што ми треба.
отпорен | прид.
Што има сила, јак, издржлив, што може да издржи, да истрае во нешто. Отпорен на ниски температури. Отпорен на влага. Грозјето со подебела и цврста лушпа е поотпорно на сивото гниење.
отпорник | м.
Спроводник со одреден степен на отпор.
отпосле | прил.
Подоцна, по некое време. Отпосле му текна што да рече.
отпослежен | прид.
Што станал или се извршил отпосле, подоцна.
отпочине си | св.
Се одмори. Си отпочинавме малку на една чистина.
отпочне | св.
Отпочнаа разговор. Во гората отпочна делење меѓу луѓето. Отпочна сериозна работа.