отправи 1 | св.
Растури нешто направено; Јас направи, тој отправи.
отправи 2 | св.
Испрати, упати во одредена насока. Тој ги отправи планинарите кон врвот на планината.
отправник | м.
Лице што отправува, што упатува насочува нешто, некаква работа.
отпразни | св.
Оттури, испразни дел од некоја количина сместена во нешто. Отпразни од шишето. Отпразни ја вреќата, многу е тешка.
отпразнува | св.
Прослави празник. Го отпразнувавме Илинден со песни и ора.
отпрвин | прил.
Во почетокот, пред да се случи нешто друго. Отпрвин се насмеа, се помисли, па се согласи. Отпрвин бавно, а потоа сѐ побрзо почна да оди по улицата
отпрега | несв.
отпрегне | св.
Ослободи добиток (коњ, вол и сл.) од запрега; Ги отпрегна воловите и ги пушти да пасат.
отпрета | св.
Растрга земја, пепел и др. од нешто што било запретано; Жената го отпрета жарот од пепелта, па го поклопи со куп прачки. Стариот отиде во визбата и отпрета неколку јаболка од сламата. Кокошката отпрета едно зрно.
отпростум | прил.
Од нога, стоејќи. Испи една чашка ракија отпростум. Отпростум позборуваа.