отпусен | прид.

Што се однесува на отпуст. Отпусна листа од болница.

отпуст | м.

Чин со кој се прекинува нечиј престој на определено место, средина и сл.; отпуштање. Доби отпуст од војска.

отпушти | св.

а) Престане да држи, пушти, испушти нешто од рака. Таа за момент го отпушти детето и тоа падна. Домаќинката ја отпушти чинијата и таа се скрши. б) Разлабави, пушти да виси. Коњаникот се оддалечи од коњот и ја отпушти уздата.

отранчи | св.

Убие некого со огнено оружје (пушка, пиштол и сл.).

отрезни | св.

Направи да биде трезен. Студениот воздух полека го отрезнуваше пијаниот.

отрезнувачки | прид.

Што отрезнува, што служи за отрезнување; Отрезнувачки средства.

отркала | св.

Тркала нешто до одредено место. Автомеханичарот ги отркала гумите до авотмобилот за да ги намести. Децата ја отркалаа топката дури до реката.

отров | м.

Материја штетна и смртоносна за живите организми. Змиски отров. Силен, јак отров. Отров за глувци.

отровен | прид.

Што содржи отров, што може да отруе. Отровна материја. Отровни гасови. Отровни печурки. Отровна змија.

отровница | ж.

Змија со смртоносен отров. Смртта е предизвикана од змија отровница.