отскочен | прид.
Што служи за отскок. Отскочна штица.
отскраја | прил.
Од некое растојание, од подалеку. Гледа отскраја.
отскрие | св.
Одвие, истави покривач (или нешто слично) од нешто покриено; Мајката го отскри детето.
отскришем | прил.
Тајно, скришно. Удри отскришум
отскубне | св.
Со скубнување одвои, оддели дел од нешто. Тој отскубна малку од косата.
отслика | св.
Пренесе, претстави, прикаже нешто како на слика, сликовито. Тој се обиде буквално да го отслика тоа што го видел.
отслужи | св.
Заврши, изврши воена или некоја друга обврска. Отслужи воен рок. Отслужи војска. Дојдовме од далечни мориња и чесно му отслуживме на царот.
отсоли | св.
Отстрани вишок сол од нешто. Го отсоли сирењето пред да го изнесе на маса.
отсопне | св.
Одврзе, пушти на слобода (обично за коњ или магаре кога му се одврзуваат предните нозе); Тој го отсопна коњот.
отспие | св.
Помине извесно време во спиење; преспие. Отспав два-три часа.