отстапен | прид.
Што се однесува, што е сврзан со отстапување. Отстапно движење.
отстапи | св.
Се тргне од местото, се повлече назад. Сите отстапија за да помине владиката. Тој отстапи еден чекор назад.
отстапка | ж.
Откажување од нешто во полза на друг, попуштање. Прави отстапки. Заемни отстапки. Отстапка во цена.
отстаплив | прид.
Што е подготвен да прави отстапки, попустлив. Тој е многу отстаплива личност, секому прави отстапки.
отстапник | м.
Тој што ги напуштил своите погледи, убедувања, идеи и сл. Отстапник од марксизмот.
отстапница | ж.
Пат, правец или можност за отстапување. Потокот е згоден за отстапница.
отстапништво | ср.
Состојба на отстапник, отпадник; отстапување, застранување од определени ставови, принципи, убедувања.
отсто | прил.
Процент изразен со број (5 отсто и сл.);
отстои | св.
Помине некое време во стоење. Отстојав еден час кај градскиот часовник, чекајќи те.
отстори | ср.
Врати нешто во првобитна, претходна состојба. Тоа веќе се стори и не може да се отстори.