отстрана | прил.

Во близината на некого или на нешто, оддесно или одлево. Куќата на дедо ми беше на крајот од селото, малку отстрана. Го погледна отстрана.

отстранет | прид.

Што се наоѓа настрана, оддалечен. Тој не можеше да живее отстранет од своето семејство.

отстрани | св.

Тргне, помести нешто. Отстрани пречки.

отстрел | м.

Употреба на ловечко оружје за убивање дозволен и определен дивеч.

отсуди | св.

Изрече пресуда, пресуди. Како ќе отсуди судот, така ќе биде.

отсукува | несв.

отсуство | ср.

Отсутност, немање на нешто. Отсуство на национални идеали.

отсуствува | несв.

Нема, недостига. Кај вас отсуствува секаква грижа за децата.

отсутен | прид.

Што не е присутен, што не се наоѓа на определено место. Денес тој е отсутен. Колку отсутни има денес на работа?