отсуче | св.

Развие, отвитка, отплетка нешто усукано, исукано. Жените не можеа да ги отсукаат конците.

отсјај | м.

Одбивање на светлината; одблесок. Кандило со румен отсјај. Низ прозорецот влегуваше бледникавиот отсјај од полната месечина.

отсјајува | несв.

Оддава сјај, блесок. Сончевите зраци отсјајуваа на површината од водата.

оттаму | прил.

Од тоа место таму, од местото за кое се зборува. Остани таму, зашто оттаму подобро се гледа. Помини оттаму и види што се случило.

оттекар | прил.

оттиши | св.

Испушти воздух од нешто; издиши. Оттиши ја гумата, премногу е напумпана.

оттогаш | прил.

Од тој момент, од тоа време. Минаа оттогаш три години. Оттогаш тој не доаѓа кај мене.

оттогај | прил.

оттргне се | св.

Се ослободи од нешто или од некого. Му се оттргна со едната рака.

оттука | прил.

Од ова место тука. Измери колку има оттука до ѕидот. Бегај оттука! Оттука дотука.