офанзива | ж.

(воен.) Напад на поголеми воени единици заради постигнување стратегиски цели; напредување. Прва офанзива. Војската се подготви за офанзива.

офанзивен | прид.

Што се однесува на офанзива, што е во офанзива. Офанзивно оружје. Офанзивен план. Офанзивна политика.

офицер | м.

Старешина во војска; носител на кој било чин од потпоручник до генерал. Активен офицер. Резервен офицер. До името на секој загинат борец, офицер или подофицер, стоеше крст.

офицерка | ж.

Жена офицер; старешина во војска.

офицерство | ср.

Занимање, служба на офицер. Него го привлекува офицерството.

официозен | прид.

Полуслужбен, полуофицијален. Имаме две официозни средби.

официјален | прид.

Службен, што доаѓа (соопштен, донесен итн.) од службена, надлежна страна; службено овластен. Официјални кругови. Официјални лица. Официјални информации. Официјална посета.

официјализира | св. и несв.

Направи, прави нешто да стане официјално, службено. Двете страни ги официјализираа односите.