офка | несв.
офне | св.
Воздивне болно, викне. Тој офна силно.
оформи | св.
Обликува, вообличи, даде на нешто готова, конечна форма, формира. Уметникот го оформи лицето на скулптурата.
офсајд | м.
Недозволена положба на играч во фудбал, хокеј и др. кога очекува топка, а нема пред себе ниеден противнички играч освен голманот. Напаѓачкиот играч беше во офсајд.
офталмолог | м.
Специјалист за очни болести. Треба да одиш на офталмолог.
офталмологија | ж.
Медицинска наука што се занимава со окото и очните болести. Одделение за офталмологија.
офталмолошки | прид.
Што се однесува, што припаѓа на офталмолог или на офталмологија. Офталмолошки преглед. Офталмолошка клиника.
офтика | ж.
офука | св.
Изеде лакомо до крај. Го офука сирењето.
ох! | изв.