Охајо | ср.

Сојузна држава во САД.

охка | несв.

Охотско Море | ср.

Море во северниот дел од Азија, јужно од Камчатка.

охрабри | св.

Поттикне некого на храброст, пробуди, даде, влее храброст; даде поддршка, поткрепа да истрае во нешто. Учителот ги охрабри учениците.

охрабрувачки | прид.

Што охрабрува, што дава поддршка, поткрепа. Охрабрувачки резултати. Охрабрувачки глас.

Охрид | м.

Град во Македонија.

Охридско Езеро | ср.

Езеро во Македонија.

оцапа | св.

Извалка нешто (со кал и сл.). Ги оцапа босите нозе.

оцеди | св.

Цеди до крај, процеди. Ја оцедив водата.

оцена | ж.

Определување вредност, цена на нешто. Денеска се изврши оцената на покуќнината.