ојари | св.

За коза – донесе на свет јаре. Годинава козата ојари три јариња.

ојнак | м.

Покрупен орев со кој се гаѓаат во игра повеќе поситни ореви;

ојуначи | св.

Стане храбар, добие смелост, сила. Кога беше мал беше плашлив, но кога потпорасна ојуначи.

оќелави | св.

Стане ќелав. Тој оќелави на млади години.

оќори | св.

Направи некој да стане ќор. Тие го оќорија детето.

оџа | м.

Муслимански свештеник.

оџагари | св.

Отвори широко очи (од изненадување, од чудење, од страв). Ги оџагари очите.

оџак | м.

Отвор на куќата (или на некој објект) во облик на ѕидан шуплив столб од каде што излегува чадот од огнот. Секоја куќа си има оџак. Од оџакот на локомотивата излегуваше црн чад.