обработувач | м.
Тој што обработува, што врши обработка. Обработувач на земја. Обработувач на речник.
обравче | ср.
образ | м.
Едната страна од лицето на човекот. Имаше лузна на десниот образ. Го бакна во образот. Ги избриша солзите од образите.
образец | м.
Тоа што служи како пример, модел за да се добие претстава како да биде направено нешто, како да изгледа нешто. Работа по образец. Естетски образец. Обрасци за писма.
образлага | несв.
образложен | прид.
Што содржи некакво објаснување, аргумент, образложение. Образложено решение.
образложение | ср.
Давање, излагање на причините за нешто; објаснување, коментар, аргумент. Усно образложение. Научно образложение. Детални образложенија.
образложи | св.
Поткрепи со аргументи, факти, објасни нешто. Тој го образложи планот за работа. Овие идеи ги образложи во посебна глава од книгата.
образложлив | прид.
Што може да се образложи. Образложливо прашање.
образова | св. и несв.
Даде, дава некому образование, школува некого. Училиштето не само што ги образова, туку и ги воспитува учениците.