оброк | м.

Определено количество храна што се јаде во текот на денот во вид на појадок, ручек или вечера. Топол оброк. Утрински оброк. Јадеше по два оброка дневно.

оброни | св.

Направи нешто со ронење, со распаѓање да се урне, да се разруши. Силниот дожд го оброни песочниот насип.

оброси | св.

Покрие со роса, ороси, нароси. Роса го оброси сето поле.

оброчиште | ср.

Место каде што некогаш имало црква; црквиште.

обрсти | св.

За животно – изеде со брстење лисја и млади гранчиња. Козите ги обрстија младите лески.

обрт | м.

Ставање во употреба, движење, циркулација, промет на пари, капитал и сл. Обрт на пари. Обрт на капитал.

обртен | прид.

Што се однесува на обрт. Обртен капитал. Обртни средства.

обружа | св.

Дотера, накити некого или нешто. Девојките го обружаа коњот на младоженецот.

обува | несв.

обувало | ср.

(само едн.) Тоа што се обува, што се носи на нозете. Од воловската кожа си направи обувало. Го собу обувалото и влезе во водата.