обвини | св.
Припише, фрли вина на некого за нешто. Тој ги обвини другарите за неискреност. Таа го обвини дека ѝ го урива авторитетот пред децата.
обвинител | м.
Тој што во име на државата обвинува некого пред судските органи. Јавен обвинител.
обвинителен | прид.
Што содржи обвинение, што обвинува. Обвинителен акт. Обвинителен процес.
обвинителство | ср.
Државен орган што има должност да ја заштитува и контролира исправноста на работата на сите државни органи и организации и да ги гони извршителите на кривични дела. Јавно обвинителство.
обвинување | ср.
Глаголска именка од обвини. Таа немаше одговор на неговите обвинувања.
обвинувач | м.
Тој што обвинува некого. Лажен обвинувач.
обвиснат | прид.
Што е олабавен, што виси. Обвиснати гради.
обвисне (се) | св.
Се обеси држејќи се на нешто. Таа му се обвисна на вратот.
обвистини се | св.
Стане вистина, се потврди вистинитоста на нешто што е претходно кажано. Нејзиниот сон се обвистини.
обвитка | св.