обврзан | прид.
Што е задолжен за нешто, што има некаква обврска, должност. Обврзани страни.
обврзе | св.
Задолжи некого со нешто, определи некому некаква обврска. Власта ги обврза надлежните органи да продолжат со преговорите. Таа ме обврза со својата добрина.
обврзен | прид.
Што претставува обврска, што мора да се изврши; задолжителен. Обврзен договор.
обврзник | м.
Тој што е должен да исполни некоја обврска. Воен обврзник. Даночен обврзник.
обврзница | ж.
Паричен документ (хартија од вредност или инструмент за долг) издаден од државата, од претпријатие или банка што донесува постојан приход и го зголемува капиталот. Обврзница на заем. Едногодишни обврзници.
обврзувачки | прид.
Што е задолжителен, што обврзува. Обврзувачки договор.
обврска | ж.
Определена работа, задача, должност чиешто извршување обврзува некого. Работна обврска. Домашни обврски. Семејни обврски.
обгледа | св.
Опфати со поглед целосно некого или нешто, прегледа, разгледа внимателно, од сите страни. Таа добро го обгледа момчето што дојде кај неа. Го обгледа убаво стариот стол и го фрли во огнот.
обгор | м.
(само едн.) Тоа што е обгорено, изгорено. Од куќата остана само обгор.
обгори | св.
Опфати нешто со пламен однадвор, потпали, подгори. Гредите на таванот за миг обгорија.