обарен | прид.
Што е малку сварен. Обарен компир.
обари | св.
Свари малку, провари нешто за кратко време во зовриена вода. Таа првин го обари карфиолот, а потоа го испржи.
обата | бр.
(без член се среќава само во народната поезија и во дијалектите)
обаца | св.
Извалка нешто. Тој ги обацал рацете.
обвива | несв.
обвивка | ж.
Тоа во што е нешто обвиено, завиткано, со што е покриено од сите страни. Воздушна обвивка. Кожена обвивка. Надворешна обвивка. Обвивка на плоча.
обвидели | св.
Прогледа, поврати вид. Луѓето како наеднаш да обвиделија.
обвие | св.
Завие, замота со нешто. Таа ми ја обви половината со волнен појас. Раната му ја обвија со тенко платно. Калемот го обвил со восок.
обвинение | ср.
(разг.) Припишување вина некому, обвинување некого за нешто. Лажно обвинение.
обвинет | прид.
Глаголска придавка од обвини.