огреши | св.

Натера некого да направи грев, да згреши. Тие се обидоа да го огрешат младиот калуѓер.

огрејсонце | ср.

Го гледаа огрејсонцето.

огризе | св.

Изгризе, изеде нешто со гризење. Ги огриза коските од месото.

огризина | ж.

Остаток од гризена храна. Децата фрлаа огризини и домати по скитникот.

огризок | м.

Остаток од тоа што е јадено или гризено. Огризоците од јаболката му ги фрли на прасето.

огрозд | м.

Грмушка со долги, прави и трнливи гранки во вид на ластари, со мали, темнозелени, назабени листови и мали, топчести или овални жолто-зеленикави плодови со сочно, проѕирно месо и киселкав вкус; Ribes grossularia. Огроздот цути во текот на април до јуни, во зависност од височинската положба.

огромен | прид.

Што е многу голем, што има големи димензии. Огромна зграда. Огромна шума. Огромно буре. Огромни бранови.

огруби | св.

а) За човек – стане груб, грд. Таа огрубе со текот на времето. Тој огрубе од тешката работа во рудникот. б) За предмет – стане груб, изгуби форма, боја и сл. Кадифето огрубе откако го исправ. Плетениот чаршаф огрубе од многу користење.