огњарка | ж.
од | предл.
Пространствено значење: а) Оддалечување од некаде, излегување. Полицијата го чекаше да излезе од куќата и да се предаде. Утре ќе ги исфрлам сите стари работи од визбата. б) Одделување од нешто. Скинал два листа од книгата и ги сокрил. в) Растојание. Колку што си подалеку од родниот крај, толку ти е поголема носталгијата. г) Положба во однос на друг предмет. Од левата страна на улицата беа наредени неколку продавнички за сувенири. д) Гранична линија од која почнува нешто. Надолу од колената ѝ се гледаат проширените вени. ѓ) Упатеност на местото на вршење на дејството. Од покривот на зградата често ги пуштал гулабите. е) Извесна измереност, растојание (со други предлози). Од Охрид до Скопје стигнавме за два часа. Скокаше од камен на камен и не ги наводени чевлите. Чумата многу бргу се ширеше од куќа в куќа.
од | м.
Движење со чекорење, одење. Тие го забрзаа одот. Таа се нишаше при одот. Наслушна тешки одови по снегот.
ода | ж.
Свечена лирска песна во која се воспева некоја значајна личност, историски настан, идеја и сл. Ода на радоста.
одава | несв.
одавде | предл.
Со пространствено значење – положба од поблиската страна на предметот во однос на говорното лице, од онаа страна. Патот ќе се гради одавде река.
одавник | м.
одаде | св.
Поткаже, издаде, предаде некого. Тој ги одаде своите другари партизани.
одамна | прил.
Пред многу време, пред многу години, некогаш. Тоа беше многу одамна. Тој одамна го напуштил градот. Жената му умрела одамна.
одамнешен | прид.
Што се случил одамна, пред многу време; некогашен. Одамнешни настани. Одамнешни времиња.