огранок | м.

Помала организациска единица, понизок дел од организација, партија и сл.

огрденост | ж.

Особина на тој што станал грд или на тоа што станало грдо.

огрди | св.

Стане грд. Тој огрде од тешката работа. Таа предвреме остаре и огрде.

огребе | св.

Направи гребаница, издраска некого или нешто со нокти, со остар предмет, со трње и сл. Мачката го огреба детето. Трњето ме огребаа по рацете.

огрев | м.

Материјал што служи за горење заради затоплување (дрва, јаглен и др.). Управата не можеше да обезбеди огрев за сите. Тие одвај ја поминаа зимата без леб и огрев.

огрева | несв.

огревен | прид.

Што служи за огрев. Огревен материјал. Огревно дрво.

огрее | св.

За сонце, месечина – изгрее, се појави. Сонцето огреа, ајде станувај! Пред да огрее сонцето, тие го напуштија градот. Месечината огреа и ја осветли шумата.