одболедува | св.

Прележи некаква болест. Ја одболедува треската за неколку дена.

одбор | м.

Група од избрани или именувани лица која претставува некој орган на власта или правно тело со определени задолженија. Управен одбор. Извршен одбор. Месни одбори.

одборник | м.

Член на одбор. Градски одборници.

одбој | м.

Одбивање, одвраќање на нешто. Никој не настрада од одбојот на стрелите.

одбојка | ж.

Вид игра со топка во која две екипи, составени од по шест играчи, ја одбиваат топката со раце и ја префрлаат преку мрежата оптегната на средината на теренот.

одбојкар | м.

Тој што игра одбојка. Млади одбојкари.

одбојкарски | прид.

Што се однесува на одбојка и на одбојкар. Одбојкарски турнир. Одбојкарски дресови.

одбојник | м.

Најиздадениот преден и заден дел од автомобил што служи за заштита при удар.

одбради | св.

Одврзе, симне од глава шамија, шал и сл. одврзувајќи ги краиштата од под брадата; Таа го одбради девојчето и му ја расчешла косата.