одбран | прид.
Што се изделува, се истакнува според определени, обично построги, мерила; избран. Одбрана војска. Одбрани гости. Одбрани песни.
одбрана | ж.
а) Активност, дејство заради спречување и отстранување на некаква опасност, напад и сл. Вооружена одбрана. Противвоздушна одбрана. За одбрана на татковината. б) Сила (од луѓе и средства) што овозможува таква активност. На одбраната ѝ се потребни нови обучени луѓе. Потребни се реформи во одбраната.
одбранбен | прид.
Што се однесува на одбрана, што служи за одбрана. Одбранбена војна. Одбранбена линија. Одбранбени средства.
одбрани | св.
Заштити некого или нешто од опасност, од напад. Нашата чета го одбрани селото од грабеж и палење. Дедото го одбрани детето од разбеснетото куче. Овчарскиот пес го одбрани стадото овци од нападите на волкот.
одбраник | м.
одброи | св.
Оддели, одвои дел од нешто со броење; изброи. Одброи десет златници и му ги даде на чорбаџијата. Ги одброи последните секунди до нејзиното заминување.
одбули | св.
Симне некому од главата или лицето зар, фереџе (на муслиманска жена); Тој се доближи до девојката и ја одбули.
одбулчи (се) | св.
одбутне | св.
Оттурне некого или нешто. Тој го одбутна детето. Таа му ја одбутна раката.
одвар | м.
Течност добиена со варење или киснење на лековити растенија, билки. Одвар од матерка.