одвише | прил.
Прекумера, премногу; излишно.
одвишен | прид.
Прекумерен; што е над потребното; излишен.
одвлекува | несв.
одвлече | св.
Со влечење однесе нешто некаде, до определено место. Тој го одвлече сандакот во другиот агол на собата. Вреќите со брашно ги одвлековме во подрумот.
одвлечен | прид.
Што е апстрактен, нестварен. Одвлечена мисла. Одвлечени зборови.
одвлечка | св.
одвнатре | прил.
Од внатрешната страна, од внатрешноста на нешто; Одвнатре се слушна гласот на мајка му. Ја заклучи вратата одвнатре. Носеше кожено палто со волна одвнатре.
одвод | м.
а) Одведување на нешто (вода, струја и сл.). Тие поставија нови цевки за одвод на вода. б) Средство, инсталација за одведување на вода, струја и сл. Ни се расипа одводот за струја.
одводен | прид.
Што се однесува на одвод
одводни | св.
Одведе вода од мочурлива земја, исуши блато, мочуриште. Селаните го одводнија големото блато и го претворија во плодно земјиште.