одморен | прид.
Што се одморил, што е способен за работа. Следното утро стана одморен и свеж. Иако спиеше кратко, се разбуди одморен.
одмори | св.
Остави, даде некому да се почине. Одмори ги работниците малку. Направи пауза за да ги одмори очите од читањето.
одмориште | м.
Поширок простор меѓу скали што служи за одмор. Тој тргна по скалите, но се задиша, па подзастана на одмориштето.
одмота | св.
Со мотање одвие нешто што е намотано (клопче и сл.); размота; Ја одмота ортомата. Играјќи, мачето го одмота клопчето.
одмрзне | св.
Под дејство на топлина врати во претходна состојба нешто што било замрзнато; растопи; Го одмрзна месото за ручек. Одмрзни го фрижидерот да го исчистам.
однадвор | прил.
Од надворешната страна; однатре. Куќата однадвор изгледаше добро, но внатре беше запуштена. Тенџерето однадвор беше здраво, но однатре беше излупено.
одназад | прил.
Од задната страна; од грбот; од крајот; одзади. Влегол во дворот одназад. Панталоните одназад му беа извалкани со кал. Детето знаеше да брои одназад.
однапред | прил.
Од предната страна. Куќата однапред имаше градина со прекрасни цвеќиња.
однароди | св.
Отуѓи некого од сопствениот народ, направи некој или нешто да го изгуби народниот карактер. Лошите услови ги однародија луѓето.
однатре | прил.
Од внатрешната страна; однадвор. Влезе и се заклучи однатре. Ја вароса целата куќа ама само однатре.