одметне | св.
Со брзо, отсечно движење отфрли, зафрли нешто настрана, наназад. Одеднаш тој се исправи, ја одметна главата наназад и го погледна в очи.
одметник | м.
Тој што се побунил, што се одметнал. Одметник од народот. Дело на одметници.
одмилее | св.
Направи некој или нешто да престане да му е мил(о) некому. Таа му ги одмилеа некогашните пријатели.
одмили | св.
одмине | св.
Помине покрај некого или нешто без задржување; замине 3. Автобусот не застана, ги одмина. Одмини ја првата улица и заврти во втората одлево. За среќа најлошото нè одмина.
одмогне | св.
Направи пречка, направи штета; оневозможи извршување на некоја работа; Тој сакаше да помогне, но одмогна. Иако застана во моја одбрана, тоа само ми одмогна.
одмоли | св.
Со молење издејствува нешто; измоли. Детето го одмоли соседот да му ја врати топката.
одмор | м.
Прекинување на работата заради починка; пауза. Време е за одмор. Училишното ѕвонче го означи големиот одмор.
одмора (се) | несв.
Починува; поминува време во одмор; (се). По ручекот тој задолжително (се) одмора. Старецот (се) одмораше под стариот орев. Се одморав гледајќи во бескрајното зеленило.
одморалиште | ср.
Зграда, објект што се користи за престој за време на одмор. Детско одморалиште. Студентско одморалиште.