однегде | прил.
однедопица | прил.
Без најава, ненадејно, неочекувано, одненадеж. Однедопица престана песната на штурците. Се отвори вратата од визбата, но однедопица ја снема светлината.
однекаде | прил.
Од некоја страна, од некое непознато место. Однекаде на небото се појави облак чад. Разлаено куче однекаде се најде до него, подготвено да го касне.
одненадеж | прил.
Без претходна најава, неочекувано; ненадејно. Детето ѝ пријде на бабата и одненадеж ја бакна. Зборуваше полека и одненадеж заплака. Одненадеж заѕвони телефонот.
однесе | св.
Со носење пренесе, премести некого или нешто од едно на друго место. Однеси ги торбите во кујната. Ги однесе чевлите на поправка.
однесување | ср.
Глаголска именка од однесува. Брзото однесување во болница беше одлучувачко за нивните животи.
одниже | св.
Растури низа, тргне, извади од низа; Ги нанижа, па ги однижа монистата, не ѝ се допаѓаа.
одникаде | прил.
Од ниедна страна; од ниедно место, од никого. Одникаде не добиле помош. Сонцето пече, одникаде облаче.
одново | прил.
Повторно, пак, наново. Снегот почна одново да паѓа. Беше збунет, па фати да чита одново за да разбере. Од ветрот дворот одново се посла со лисја. – Не дозволувај одново да те излаже.
однос | м.
Став, држење, начин на однесување кон некого или кон нешто. Правилен однос кон работата. Оптимистички однос кон животот. Здрав однос кон храната.