петина | бр.
Пет лица од мажи или мажи и жени; Низ селото поминаа петина војници. Петина браќа и шест братучеди. Петина полицајци настрадаа во судирите со демонстрантите.
петит | м.
Вид ситни печатарски букви; текст печатен со такви букви. Рубрика печатена со курзивен петит.
петица | ж.
Задниот дел од стапалото кај човекот. Раскрвавени табани и распукани петици. Силна болка во левата петица. Детето газеше на петици.
петиција | ж.
Колективно писмено барање упатено до некој надлежен орган, најчесто до највисоките органи на власта.
петичен | прид.
Што се однесува на петица. Петична коска. Петична стапалка.
петка | ж.
Бројката 5.
петкамен | м.
Вид детска игра со пет камчиња или други предмети слични на камче кои се фрлаат во височина и се фаќаат со една рака. Децата играа петкамен пред врата.
петкатен | прид.
Што има пет ката, што е на пет ката. Петкатен градежен објект. Петкатна гаража.
петкатница | ж.
Зграда на пет ката. Во населбата имаше повеќе петкатници.
Петковден | м.
Христијански празник посветен на преподобна Параскева што се празнува на 27 октомври.