петгодишен | прид.
Што е на возраст од пет години. Петгодишно дете.
петгодишнина | ж.
Временски период од пет години. Петгодишнина од бракот.
петденарка | ж.
Монета со вредност од пет денари.
петдневен | прид.
Што трае пет дена. Петдневен научен собир. Петдневна екскурзија.
петел | м.
Домашна птица со шарени перје и подолга опашка, мажјак од кокошка што се одгледува заради оплодување. Петел и кокошка. Црвен петел на буниште. Закукурига петел.
петели се | несв.
Се сили, се прави важен. Тој се петелеше на седлото од коњот. Невкусно се шегуваат, се петелат и се прават јунаци.
петелка | ж.
илика илица.
петен | прид.
Што се однесува на петица.
петерец | м.
Стих од пет слога.
петимија | прид.
Мил, гален. Имала мајка сина петимија.