петролејка | ж.
Ламба што користи петролеј за осветлување, газиена ламба.
петролејски | прид.
Што се однесува на петролеј.
петрохемија | ж.
Гранка на хемиската технологија што се занимава со индустриско производство на чисти хемикалии од нафта и од земен гас.
петстогодишен | прид.
Што има, што трае петстотини години. Петстогодишен даб.
петстогодишнина | ж.
Временски период од петстотини години.
петстотини | бр.
Основен број петпати поголем од сто; се бележи со бројката 500.
петти | бр.
Што е по ред зад четвртиот, редна бројна придавка според бројот пет. Петти дел. Петто одделение. Петтиот колосек.
петтина | ж.
Петти дел од едно цело.
петтокласник | м.
Ученик во петти клас; петтоодделенец.
петтоколонаш | м.
Припадник на петта колона; внатрешен непријател.