петтоколонаштво | ср.

Петтоколонашка дејност; предавничко однесување.

петтомен | прид.

Што содржи, што е составен од пет тома. Петтомен речник.

петтомник | м.

Научно, литературно и друго дело отпечатено во пет тома.

петтоодделенец | м.

Ученик во петто одделение во осмолетка.

петунија | ж.

Декоративно растение со конусовидни цветови во различни бои; Petunia.

петчасовен | прид.

Што трае пет часа. Петчасовен тренинг. Петчасовна дебата.

петчлен | прид.

пет-шеесет | бр.

Приближно, педесет или шеесет.

пет-шеесетмина | бр.

Неопределено колку, педесет или шеесет.

пет-шеснаесет | бр.

Приближно, петнаесет или шеснаесет.